Папата Фрациска повика на итно отворање коридор за цивилите од Газа

Од:

Папата Франциск денеска повика на отворање на хуманитарни коридори за помош на Палестинците под опсада во Газа и повторно апелираше за ослободување на заложниците кои ги држи милитантната исламистичка група Хамас. „Силно се молам децата, болните, постарите и жените и сите цивили да не станат жртви на конфликтот“, рече тој во своето неделно обраќање пред илјадниците собрани на плоштадот Свети Петар.

Нека се почитуваат хуманитарните права, пред се во Газа, каде што е итно и многу неопходно да се гарантираат хуманитарни коридори за помош на целото население, рече тој.

“Толку многу веќе загинаа. Ве молам, не дозволувајте повеќе да има пролевање на невина крв, ниту во Светата земја, ниту во Украина, ниту каде било на друго место. Доста е! Војните секогаш се пораз, секогаш”, Фрањо нагласи.

Тој повика на молитви за искоренување на „ѓаволската моќ на омразата, тероризмот и војната“, а верниците од целиот свет да им се придружат на католиците во Светата земја во вторник во ден на пост и молитва за мир. Во петокот Ватикан понуди да посредува во конфликтот. Кардиналот Пјетро Паролин, државниот секретар на Ватикан, рече дека нападот на Хамас врз израелските граѓани е „нехуман“.

Алудирајќи на израелскиот одговор и очекуваниот копнен напад, Паролин рече дека „право на нападнатите е да се бранат“, но дека „дури и легитимната одбрана мора да ги почитува параметрите на пропорционалност“.

Би можело да ве интересира

Израел: Убиени се повеќе од 500 терористички оперативци во Либан за девет месеци

ВИДЕО: Се смирија палестинските фракции, Хамас и Фатах потпишаа договор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел нареди евакуација од хуманитарната зона

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида

ВИДЕО: Голема експлозија по напад со дрон во Тел Авив, една жртва и 10 се повредени

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел