(ВИДЕО) Ѓорчев: Наместо пристојност и етика за 14-те живи изгорени, СДСМ и ДУИ решија да ја спасуваат коалицијата

Од:

Од ВМРО-ДПМНЕ преку прес конференција реагираат на неприфаќањето на оставките на министерот Венко Филипче и заменик министерот Илир Хасани, од страна на премиерот Зоран Заев.

„Денес повторно видовме дека власта нема осет и нема жал за 14-те луѓе живи изгорени во Ковид болницата и 7.000 починати од Ковид.

Наместо пристојност и етика, СДСМ и ДУИ решија да ја спасуваат коалицијата. Четиринаесет луѓе живи изгореа во пластичниот киоск на Зоран Заев и Венко Филипче. Четиринаесет семејства се во црнина поради нивната неодговорност, поради нивниот срам и брука, поради тоа ужасно, смртоносно профитерство. Почитувана македонска јавност, тие одбраа да паднат заедно. И да Зоран Заев и Венко Филипче заедно ќе си паднат“, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ.

Според него, народот е револтиран и оние кои што се виновни ќе одговараат.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

Бранувања во СДСМ, Филипче контра Шилегов: Ги искористија неговите приватни проблеми и задолженост

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче од Брисел: Власта ја турка Македонија во авторитаризам

СДСМ денеска го бира новото раководство

СДСМ утре ќе го бира новото раководство

Филипче: Опозицијата се обединува против мигрантските договори на ДПМНЕ, Мицкоски да се изјасни

Предраг Петровиќ