СДСМ: Визијата за развој на Скопје и чувството за вистински приоритети на Шилегов резултираа со изградба на мост на АСНОМ

Од:

„Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во својот четиригодишен мандат континуирано и неуморно покажува вистинска грижа за скопјани преку реализација на инфраструктурни проекти кои го подобруваат животот на граѓаните и создаваат поинаква приказна за Скопје. Во таа насока е и мостот на бул. „АСНОМ“, кој по реализација на завршните градежни работи, за помалку од месец дена ќе биде на располагање на скопјани, а особено на жителите на Аеродром, Центар и Гази Баба“, велат СДСМ.

„Петре Шилегов е првиот градоначалник од 1965 година чија визија за развој на градот и чувство за вистински приоритети резултира со изградба на овој булевар кој со децении стои во планска документација.

Скопјани, по повеќе децении добиваат нов мост кој создава можност за брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром со Гази Баба, преку централното градско подрачје.

На тој начин, времето на патување од Ново Лисиче до Мавровка го скратуваме за околу 70 отсто.

Со новиот мост плански ја зголемуваме функционалноста и динамиката на движење, го олеснуваме сообраќајниот метеж, а скопјани и скопјанки добиваат безбедна врска за движење низ трите општини.

Мостот се изведува во согласност со сите современи стандарди за изградба и е граден со најквалитетни материјали. Има шест коловозни ленти, со енергетски ефикасно ЛЕД улично осветлување, како и тротоари и нови патеки за велосипедистите и корисниците на алтернативни средства на сообраќај.

Исто така, на новопробиениот булевар „АСНОМ“ и на мостот се воведуваат и нови линии на ЈСП, а дополнително булеварот го разубавува и дрворед, засаден од двете страни.

Инфраструктурата останува најважниот фокус на работењето на Шилегов кој покажа дека во Скопје истовремено може да се градат два мостови. Едниот е овој во завршна фаза, а другиот во Карпош кој штотуку го започнуваме.

Шилегов и централната власт предводена од СДСМ гради по план,градиме за нашиот народ, бидејќи тие го заслужуваат најдоброто“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Во сабота и недела ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци

Арсовска достави документи за 20 случаи за легализирани дивоградби во Чаир до Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија