Клоп: Имаме тешка група, секој бод е важен

Од:

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги сподели своите очекувања за вечерашниот натпревар со Порто од групната фаза во Лигата на шампионите.

– Порто често менува играчи, но тренерот остана ист. Фактот што таму ги добивме последните два натпревара не ни дава предност. Размислуваме само за овој меч. Имаат различни опции за игра, и ние мора да бидеме подготвени за тоа. Не броиме бодови однапред, што ги немаме освоено. Ова е тешка група, така што секој бод е важен. Порто заслужи да победи на натпреварот против Атлетико, и тоа кажува многу за нивниот квалитет, изјави Клоп.

Натпреварот Порто – Ливерпул ќе се одигра вечер во Португалија со почеток во 21 часот.

Во Б-групата од елитното фудбалско натпреварување, по првото коло Ливерпул е лидер со три бода, Порто и Атлетико имаат по бод, Милан е последен без бодови.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска