Грција и Франција пред нов одбранбен договор за набавка на француски фрегати

Од:

Имајте малку трпение, кусо одговори портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на натписите во медиумите дека Грција и Франција се пред нов одбранбен договор за набавка на француски фрегати, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска е во Париз, каде што заедно со францускиоот претседател Емануел Макрон свечено ќе ја отворат изложбата во Лувр „Париз – Атина раѓањето на модерна Грција 1675-1919“, посветена на 200-годишнината од грчката револуција, а веднаш потоа ќе имаат и работна вечера.

Според медиумите во Грција, Мицотакис и Макрон ќе разговараат за новиот одбранбен договор меѓу двете земји, во кој е вклучена набавка на три француски фрегати и уште шест авиони Рафал, додека пак во текот на утрешниот ден, според истите информации, ќе бидат официјално соопштени детали, а договорот би го потпишале надлежните министри за надворешни работи и одбрана, кои веројатно ќе заминат за Париз.

Овие информации, не ги демантираше владиниот портпарол, но одби да даде дополнителни детали и на двете новинарски прашања на оваа тема кусо повтори: „Имајте малку трпение“.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе