Кина го гради најдолгиот подморски тунел

Од:

Кина ќе вложи околу 42 милијарди долари за да го изгради најдолгиот светски подморски тунел.

Планот за изградба на овој тунел е претставен уште во 1994 година, а тој би требало да ги поврзе источниот и североисточниот дел на државата.

Тунелот долг 123 километри треба да оди под Бохајскиот премин во Жолтото море, од пристаништето Даљјан во североисточната провинција Љаонин, до Јантаи во провинцијата Шандонг.

longest tunnel

Според кинеските медиуми изградбата на тунелот би го намалила патувањето за речиси 1.000 километри.

Трошоците за изградбата според Ванг Менгшу, од Кинеската градежна академија би требало да бидат надополени за 12 години.

Во моментов најдолг подморски канал е долг 54 километри и се наоѓа во Јапонија, а ги поврзува островите Хонша и Хокаидо.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски