Мицотакис за европската перспективата на Западен Балкан: Време е ЕУ да испорача

Од:

Да не ја испуштиме можноста да го искористиме самитот ЕУ -Западен Балкан во Словенија за да се направи смел чекор напред. Време е Европската унија да испорача, нагласи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото обраќање на Генералното собрание на ОН, во делот посветен на европската перспектива на регионот.

Мицотакис истакна дека Грција секогаш беше активен поддржувач на европската перспектива на Западен Балкан како средство за повеќе просперитна, стабилна и демократска иднина на регионот.

-По усвојувањето на Солуснката агенда во 2003 година европската перспектива беше движечка сила за реформи, демократизација и промена. Но, да бидеме искрени, исто така постоеше и замор и разочарување. 18 години е долго време. За неколку дена, Самитот ЕУ- Западен Балкан ќе се одржи во Словенија. Да не ја испуштиме можноста да го искористиме Самитот за да се направи смел чекор напред. Време е Европската унија да испорача, рече Мицотакис.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески