Пријавувување штети од невремето во Ѓорче Петров и за време на викендот

Од:

Граѓаните од Ѓорче Петров кои имаа штети од невремето кое ја зафати општината ќе можат да поднесуваат пријави и за време на викендот од 08 до 20 часот во просториите на општината во главната зграда.

Како што стои во соопштението, подготвени се формулари (изјави) и истите можат да се добијат и пополнат на лице место. За време на викендот ќе работат и трите комисии, формирани за утврдување на штетите направени од невремето кое го зафати општината на 9 јули.

Комисиите за утврдување на штети ќе излегуваат на терен согласно поднесените пријави од граѓаните.

Би можело да ве интересира

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

ВИДЕО: Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите

Невреме ја погоди Словенија: Поплавени домови, оштетени покриви и десетици интервенции на спасувачките служби

Драма на небото над Шумадија: Авионот не можеше да слета поради силна бура

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите