Министерството за здравство на Грција подготвува амандман за набавка на моноклонални антитела за пилотски третман против Ковид-19

Од:

Министерството за здравство на Грција подготвува амандман што ќе ги дефинира точните услови за снабдување и примена на терапијата против Ковид-19 со моноклонални антитела, соопштија денеска портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому и министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина.

-Третманите со моноклонални антитела против Ковид-19, поради тоа што немаат добиено одобрување од надлежните органи и нивната достапност е ограничена, во Националниот здравствен систем ќе бидат достапни како пилотска процедура, веднаш откако ќе бидат препорачани врз основа на меѓународни правила, рече Плеврис.

Објасни дека Министерството за здравство уште од февруари учествува во европскиот механизам за заедничка набавка на моноклонални антитела и ги очекувале резултатите од клиничките испитувања што беа објавени во август, според кои конкретната терапија е ефикасна и во борбата со мутациите и додаде дека оваа терапија во Грција „мора да биде достапна под строги и специфични услови“.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому објасни дека „неодамна, вчера или завчера Европската организација ја одобри употребата на моноклонални антитела“, а Министерството за здравство подготвува амандман што на Грција ќе ѝ овозможи набавка на оваа терапија.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески