Од понеделник 24. Меѓународен театарски фестивал – Денови на комедија во театарот во Куманово

Од:

НУЦК „Трајко Прокопиев“ и годинава го организира меѓународниот фестивал „Денови на комедија“, кој ќе почне на 27 септември, соопштија надлежните од установата на денешната прес-конференција.

Публиката и покрај строгите здравствени протоколи поради актуелната пандемија, ќе има можност да проследи комедии од театри од државата и земјите од регионот. Фестивалот во понеделникот ќе го отвори Драмски театар Скопје со претставата „Партија реми“. На првата фестивалска вечер ќе биде доделена и наградата „Васил Иљоски“ на актерката Стојна Костовска.

– Целосно сме подготвени, запазени се сите епидемиолошки мерки во салата како што налагаат моменталните здравствени протоколи и сигурни сме и се надеваме дека и оваа година ќе имаме успешен фестивал. Тоа го докажавме и минатата година дека можеме да организираме фестивал и во вакви околности. Сега капацитетот на салата е триесет проценти исполнетост од местата-изјави, директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Поради пандемијата и протоколите, театарот од Бугарија го откажал гостувањето, a поради здравствени причини на дел од актерите, неизвесно е и учеството на кумановскиот театар, кој традиционално го затвора фестивалот.

Од 670 места во салата, во продажба ќе бидат пуштени во продажба околу 200 билети согласно ковид протоколите, а цената ќе биде 150 денари. Продажбата за првите три претстави ќе почне во понеделник, а дополнително ќе бидат пуштени билетите за останатите претстави. Тодоровски нагласи дека поради епидемиолошката состојба можно е да има измени.

– Свесни сме дека живееме во време на пандемија, но се бориме, целата институција застанува зад фестивалот и макотрпно работи овој фестивал да се претстави во најдобро можно светло, изјави актерката Владанка Димковска.

И годинава фестивалот доби поддршка Министерството за култура од чиј буџет се издвоени 700.000 денари и 300.000 денари од буџетот на Општина Куманово.

Би можело да ве интересира

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

Повеќекратно убиство во кумановско: Два сина и мајка застрелани од нејзиниот брат

Орце Костов