Висенте Дел Боске им порачува на челниците од Барселона дека Тијаго Алкантара треба да остане на Ноу Камп.
Алкантара, според медиумските извештаи, е на прагот да потпише за Манчестер Јунајтед, но Дел Боске верува дека за него во овој момент најдобро ќе му биде да остане во редовите на Барселона.
„Најважна работа за Тијаго е да го задржи континуитетот на играње. Постојат и други опции, но мислам дека во Барселона ќе добие простор за игра. За него имаат високо мислење во клубот“ изјави Дел Боске за Daily Express.