Анкети во Грција: Нова демократија со над 11 отсто повисок рејтинг од СИРИЗА

Од:

Грчката владеачка партија Нова демократија е со предност од 11,5, односно 11,2 отсто пред опозициската СИРИЗА, според двете нови истражувања на јавното мислење во Грција спроведени од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“ и агенцијата „ΜRB“ за телевизијата „Стар, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на пандемијата и процесот на имунизација, од 2.018 лица со право на глас што учествувале во истражувањето за „Скај“, 72 проценти имаат примено најмалку една доза, 11 отсто не се вакцинирани и немаат закажан термин, а 15 проценти одбиле да одговорат.

Од невакцинираните, 53 отсто одговориле дека никогаш нема да се вакцинираат, а како главна причина, 40 проценти од нив, ја навеле загриженоста за несакани дејства од вакцината, за 19 отсто е реакција на притисоците, 16 отсто сметаат дека вакцините не се ефикасни, а 11 проценти рекле дека од религиозни причини нема да се вакцинираат.

Четири од десет испитаници во истото истражување сметаат дека е можен нов целосен локдаун во земјата.

Истражувањето на „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“ било спроведено од 19 до 21септември со вклучени 2.018 лица, додека пак во она на „ΜRB“ за телевизијата „Стар“ биле анкетирани 1.000 граѓани со право на глас.

Би можело да ве интересира

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов