WIPO – Пандемијата поттикна приватни и јавни инвестиции во иновации

Од:

Пандемијата со Ковид -19 ги зголеми инвестициите во истражување и развој во фармацевтскиот и софтверскиот сектор и го намали интересот за транспорт и патувања, покажа извештајот на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO). Научните активности, трошоците за истражување и развој, апликации за интелектуална сопственост и инвестиции во иновативни компании, повторно пораснаа во 2020 година, по рекордната 2019 година, наведуваат од WIPO.

ОН веќе објавија „рекорден“ број на апликации за патенти поднесени во 2020 година, а главните двигатели според Глобалниот индекс за иновации објавени денеска беа „медицински технологии, фармацевтски производи и биотехнологија“.

Речиси шест од 10 компании со интензивно истражување и развој пријавија значително поголеми трошоци во 2020 година, а достапните податоци сигнализираат дека многу влади, исто така, ветиле повеќе пари, и покрај високите фискални трошоци и трошоците за позајмување поврзани со пандемијата, посочува WIPO.

Тие предупредија, сепак, за големи разлики во трошоците за истражување помеѓу регионите и секторите, истакнувајќи дека „компаниите во секторите сериозно погодени од мерките за пандемија“ се принудени да ги намалат трошоците за иновации.

Би можело да ве интересира

(ИНТЕРВЈУ) Коста Петров: Само на последниот повик „Стартапувај“ ангажирани се над 250 луѓе со просечна плата од 36.000 денари

Маја Илиевска-Пачемска

Македонскиот тим „eBionics“ победник на младинскиот предизвик „Генерација без граници 2019/2020“

Ана Ололовска

Состанок на Секторската работна група за конкурентност и иновации, ЕУ со поддршка на малите и средни компании

Ана Ололовска

Иноваторот Ангелков: Работиме на 20 респираторни машини кои ќе помагаат при дишење во болници и во домашни услови

Ана Ололовска

Нова македонска стартап иновација за помош на најзагрозената индустрија од пандемијата со КВИД-19

Ана Ололовска

Одобрен Правилникот за давање средства преку иновациски ваучери

Драган Поповски