Премиерот на Луксембург Жан-Клод Јункер изјави дека поднесува оставка од функцијата.
Претходно Јункер тврдеше дека нема да поднесе оставка и им предложи на противниците да се обидат да го сменат со гласање на доверба во Парламентот.
Оставката уследи по објавувањето на извештајот за злоупотребите на разузнавачката служба на Луксембург односно прислушувањето на политичарите.
Противниците на Јункер во Парламентот – Зелените и Луксембуршката демократска партија директно го обвинија премиерот, кој ја контролира работата на разузнавачките служби, дека знаел за сите пречекорувања на нивните овластувања.
Јункер, претходно ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека имало „одредени грешки“ во работата на разузнавачките служби. Јункер е премиер на Луксембург од 1995 година.