Исламска држава презеде одговорност за напади врз талибанците

Од:

Екстремистичката група Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за неколку бомбашки напади врз талибански возила во источен Авганистан кои се случија викендов во Џалалабад, во кои загинаа осум лица, меѓу кои и неколку талибански борци.

Талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан минатиот месец, додека САД и НАТО беа во завршна фаза на повлекување на своите војници.

Тие сега се соочуваат со големи економски и безбедносни предизвици во нивниот обид да владеат со Авганистан, а забрзаната кампања на нападите на ИД дополнително ќе ги комплицира тие напори, коментираат светските агенции.

Би можело да ве интересира

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Германија

A1on

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

Во Германија пет лица се обвинети за помагање на Исламската држава

Разбиена исламистичка група во Австрија