MAAE првпат по Фукушима ја зголеми својата проценка за глобалното ниво на нуклеарна енергија

Од:

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ја ревидираше нагоре својата прогноза за глобално ширење на нуклеарната енергија за првпат по 10 години.

Катастрофата во јапонската нуклеарна централа Фукушима во 2011 година го загрози секторот на нуклеарната енергија.

Сепак, многу земји, како дел од борбата против климатските промени, размислуваат да се префрлат на нуклеарна енергија, објави во четвртокот МААЕ, агенција на ОН со седиште во Виена.

Глобалниот капацитет за нуклеарно производство може да се зголеми за максимум 792 гигавати до 2050 година, што е за 10 проценти повеќе од минатогодишната проценка.

Според MAAE, ова може да се постигне само со нови технологии во нуклеарниот сектор.

Минатата година, околу 10 проценти од светската електрична енергија дошла од нуклеарни централи. МААЕ проценува дека до 2050 година тој удел ќе се зголеми на максимум од околу 12 проценти.

МААЕ ги смета нуклеарните централи како извор на чиста енергија. Некои земји, како што е Германија, одлучија постепено да ги укинат нуклеарните централи, наведувајќи ги како причина безбедносните ризици и проблемите со складирањето нуклеарен отпад.

Би можело да ве интересира

МААЕ побара од Русија и Украина да ја заштитат нуклеарната централа Запорожје

Ана Ололовска

МААЕ: Резервниот далновод до нуклеарната централа Запорожје е исклучен поради гранатирање

Ана Ололовска

Јапонија најави враќање кон нуклеарната енергија

А1он

МААЕ не открила непријавени нуклеарни активности во Украина

Ана Ололовска

Гроси: МААЕ ќе спроведе независна проверка на руските обвинувања за „валкана бомба“

Горан Наумовски

Путин со порака до Гроси од МААЕ: Москва е „отворена за дијалог“ за нуклеарната централа во Украина

Ана Ололовска