Актуелниот лидер во Првата македонска фудбалска лига, Академија Пандев, ги продаде телевизиските права за своите натпревари од домашното првенство на регионалниот спортски канал „Спорт клуб“.
Академија Пандев е првиот македонски фудбалски клуб, кој самостојно ги продаде ТВ-правата на регионална телевизиска куќа.
– Договорот е веќе потпишан и важи за домашните куп и првенствени натпревари за наредните три сезони, почнувајќи од тековната 2021/22, 2022/23 и 2023/24 сезона, соопшти струмичкиот прволигаш
По шест одиграни кола во македонското фудбалско првенство, Академија Пандев води на табелата со 13 бодови и ефект од четири победи, едно реми и еден пораз.