Српскиот кошаркарски тренер Игор Кокошков, кој со Словенија ја освои титулата европски првак во 2017 година, веќе не е селектор на Србија.
Како што попладнево е официјално соопштено во Белград, Кошаркарската федерација на Србија и Кокошков спогодбено ја прекинале соработката.
Кокошков седна на клупата на Србија во ноември 2019 година, но не ги исполни очекувања и не успеа на домашен терен да избори пласман на Олимписките игри во Токио.
Српскиот стратег се враќа во НБА и се очекува да биде назначен за помошник тренер во Далас.
Српските медиуми шпекулираат дека главен кандидат за наследник на Кокошков е прославениот српски тренер Светислав Пешиќ (72).