Митрески: ВМРО-ДПМНЕ се однесува нехумано, ја злоупотребува колективната тага за ситни политички поени

Од:

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески од собраниската говорница истакна дека ВМРО-ДПМНЕ денеска не покажа ништо ново и продолжи со нехуманото однесување.

„Ова што го правите не е хумано, ја користите тагата на сите граѓани за ситни политички поени, им порача Митрески на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја напуштија собраниската седница.

Јас знам дека повеќето пратеници од опозицијата што излегоа од салата, побрзаа да му се извинат на Венко Филипче за тоа што му го правите, затоа што сите знаете дека тој излегуваше во пресрет на сите барања на граѓаните и државата истакна Митрески, додавајќи дека опозицијата не дочека органите да ја завршат истрагата.

Не е фер, да ја напуштате седницата кога на дневен ред се точки во интерес на сите граѓани, како предлогот за измена на Законот за облигациони односи, која предвидува каматата на долговите да престане да тече, кога ќе ја достигне висината на долгот, со што се исправа голема неправда кон граѓаните“, заврши Митрески.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски