ДУИ: Во шест општини носителки се жени, ја зајакнуваме улогата на жената во општеството

Од:

Демократската Унија за Интеграција на локалните избори ќе се натпреварува со 35 листи за советници и 19 кандидати за градоначалници, истакна на прес конференцијата Арта Билали Зендели од ДУИ. Таа меѓу другото кажа дека листите на ДУИ се содржани од докажани имиња од Граѓанскиот сектор, претставници од младите, жени и успешни личности од различни области.

Арта Билали Зендели од ДУИ рече дека на овие избори во шест општини, како во Струга, Чаир, Шуто Оризари, Битола, Маврово и Куманово носителките на Листи за општинските совети се жени.

„Се наоѓаме денес овде пред вас за да соопштиме дека Демократската Унија за Интеграција согласно законските одредби во Изборниот Законик, во предвидениот рок ја достави Листата на кандидати за членови на Општинските Совети и Листата на кандидати за Градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 17 Октомври оваа година.

Овие листи се објективна рефлекција на нашиот фокус во служба на граѓаните да бидат достојни кандидати за да бидат гласот на народот, кои ќе се грижат за принципиелната реализација на целта за квалитетен живот на сите граѓани на земјата. Демократската Унија за Интеграција ќе се натпреварува со вкупно 35 листи на кандидати за Општински совети, додека со кандидати за градоначалници ќе се натпреваруваме во вкупно 19 општини“, кажа Билали Зендели.

„Како и секогаш, ја почитуваме адекватната застапеност на жените во политиката, го зајакнуваме гласот на младите во процесите на локалното одлучување во секоја општина, како и ја унапредуваме на повисоко ниво и соработката со граѓанското општество.

Листите на Демократската Унија за Интеграција се состојат од професионални и компетентни личности во средината каде што живеат и работат.

Нашите листи се состојат од еминентни имиња од граѓанското општество, претставници на младите, жени, како и успешни личности во различни области. Во шест општини, како во Струга, Чаир, Шуто Оризари, Битола, Маврово и Куманово, носителите на листите за Општинскиот совет, ќе бидат жени.

Демократската Унија за Интеграција оценува дека со овие личности ќе биде апсолутен победник на локалните избори, каде фокусот ќе биде ставен на реализација на изборната програма која има за цел подобрување на животниот стандард на граѓаните. На 17 Октомври ќе победи визијата за квалитетен живот за сите нас!“, изјави Билали Зендели од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Реакција на ДУИ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски намерно ги загрозува меѓуетничките односи

Горан Наумовски

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Орце Костов

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

Османи: Слоганите на ВМРО-ДПМНЕ се обид да се омаловажи достоинството на секој Албанец

Орце Костов

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција