Кина затвори цел град од 2,9 милиони жители поради 19 нови заразени

Од:

Властите во јужниот кинески град Путиан, им забранија на жителите да го напуштаат градот, го прекинаа автобускиот и железничкиот сообраќај и ги затворија кината, баровите и другите јавни места, за да спречат ширење на заразата откако беа регистрирани нови заболени со ковид.

Секој што треба да го напушти Путиан, град со 2,9 милиони жители во провинцијата Фуџијан јужно од Шангај, поради неопходното патување, мора да достави доказ за негативен тест за коронавирус во последните 48 часа, објави градската власт.

Кина објави дека вирусот е под контрола на почетокот на 2020 година, но во меѓувреме се појави позаразниот сој делта. Властите велат дека повеќето нови случаи може да се поврзат со лица кои пристигнуваат од Русија, Мјанмар и други земји.

Во изминатите 24часа, во Путиан, се регистрирани 19 новозаразени лица за кои се верува дека се локално заразени, објави во саботата Националната здравствена комисија.

Еден случај на инфекција е пријавен во Чангжу, исто така во провинцијата Фуџијан.

Првите случаи на инфекција во Путиан се студенти од округот Ксиан, но експертите се сомневаат дека инфекцијата потекнува од таткото на еден од учениците што се вратил од Сингапур на 4 август.

Би можело да ве интересира

Кинески туристи повторно организирано ќе доаѓаат во Македонија

Катерина Ѓуровски

Кина: СЗО се обидува да „не оцрни“ околу извештајот за потеклото на короната

Кинеските власти прогласија „решителна победа“ над Ковид-19

Кинезите по три години забрани, од недела конечно ќе можат да патуваат

Порастот на бројот на ковид случаи во Кина не се очекува да влијае врз епидемиолошката ситуација во Европа

Кина го доживува најголемиот бран на коронавирус досега

Горан Наумовски