Паркот Гези во Истанбул повторно отворен за посетители

Од:

Истанбулскиот парк Гези денеска повторно беше отворен за посетители, откако минатата ноќ беше место на нови судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Полицијата во текот на ноќта употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се обидуваа да ја игнорираат наредбата за затворање и да влезат во паркот Гези, што минатиот месец беше центарот на протестите против турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.

Движењето „Солидарност за Таксим“ денеска остро ги осуди активностите на полицијата при растерувањето на демонстрантите. Како што јави ИТАР-ТАСС, околусто активисти на движењето се собраа денеска во паркот Гези, каде дадоа изјава за медиумите.

– Бараме веднаш да бидат ослободени граѓаните, кои беа незаконски приведени во понеделникот и претеходните денови. На 8 јули полицијата без никакво предупредување повторно ги нападна луѓето, употребувајќи солзавец, водени топови и гумени куршуми, изјавија претставниците на „Солидарност за Таксим“.

Активистите од движењето истакнаа дека уште на 6 јуни била донесена судска одлука за откажување на сите проекти за реконструкција на паркот Гези и плоштадот Таксим, но дека и неколку недели подоцна, од различни причини, граѓаните не биле информирани за решението на судот.

Бројот на приведени при вчерашните протести се уште не е познат, но според информации на турска телевизија, од слобода биле лишени околу 80 лица.

Меѓу приведените 35 биле членови на „Солидарност за Таксим“. Има тврдења и дека е приведен странски новинар. Во меѓувреме, истанбулското Овинителство донесе одлука да стави под постојан притвор осуммина од 59-те приведени во демонстрациите од 7 јули, информира руската агенција.

Ситуацијата во паркот Гези денеска е мирна. Група млади лица поставија транспарент со парола „Добре дојдовте во паркот на мачениците од Таксим“, имајќи ги предвид над 30-те загинати во судири на протести на плоштадот Таксим од 1 мај 1977 година.

Друга група луѓе на тревата на мермерни плочи ги напиша имињата на четворицата убиени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата минатиот месец, како и името на курдското момче кое беше застрелано во протестот во округот Дијарбекир.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски