Уредникот на еден неделен весник кој ја критикуваше власта во Дагестан, Ахмеднаби Ахмеднабије е убиен во автомобил пред својата куќа.
Според зборовите на портпаролката на полицијата, Фатине Убаидатова, се уште не се знае кои го убил новинарот.
„Ројтерс“ наведе дека Ахмеднабијев во јануари годинава преживеа атентат.
Дагестан стана едно од најопасните места во Русија за работа на новинарите, бидејќи исламистите речиси секојдневно напаѓаат припадници на полицијата и други официјални лица.
Елена Георгиевска