Македонската репрезентација составена од фудбалери до 21 година, попладнево во Охрид одиграа нерешено со соодветната репрезентација на Србија.
И покрај неколкуте големи шанси пред двата гола, гледачите на реконструираниот стадионот „Билјанини извори“ не видоа погодок.
Најголемата шанса да го отвори резултатот го имаше гостинскиот тим кој не реализира пенал во 36. минута, откако македонскиот голман Давид Денковски го одбрани ударот на Слободан Тедиќ.
Ова беше дуел од 2. коло во евро-квалификациите, а двете репрезентација до својата прва победа ќе се обидат да дојдат во третата рунда.
Следен противник на нашата репрезентација е селекцијата на Фарски Острови.