Во Чаир ќе се градат катни и подземни гаражи

Од:

Потпишана е инвестиција од 50 милиони евра која се очекува да го реши проблемот со паркирањето во Чаир.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, заедно со сопственикот на глобалната компанија MABETEX, Беџет Пацоли и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска го потпишаа Меморандумот за договор за соработка со стратешкиот инвеститор MABETEX.

„Гаранцијата за овие гаражи е во рацете на глобалната компанија MABETEX, која досега го извршила секој договор со голема сериозност, на време, без никакво одлагање и на високо ниво на квалитет. Оваа компанија досега беше високо оценета низ целиот свет, додека за нас е привилегија што MABETEX ја има во свои раце изградбата на гаражите, рече Ганиу.

Тој вели дека во минатите четири години биле создадени близу 1.500 места за паркирање, додека со изградбата на овие нови гаражи проблемот со паркинг местата ќе се реши еднаш засекогаш, затоа што ќе има 3.000 нови паркинг места.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Чаир со платформа за превенција и справување со врсничкото насилство, најавени се и нови мерки од МОН

A1on

Прободе дете во Чаир, но нема да одговара кривично – има 13 години

Горан Наумовски

Се судрија автомобил, мопед и тротинет во скопски Чаир

А1он

Град Скопје ќе гради катна гаража во Клинички

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Чаир ќе добие нов лик, ќе го решиме сообраќајниот хаос и ќе инвестираме во јавната хигиена