На граничниот премин Прешево фатен македонски државјанин со шверцуван златен накит

Од:

На граничниот премин Прешево-Табановце, српските цариници во автомобил БМВ со швајцарски регистарски ознаки, управуван од државјанин на Северна Македонија, во кеси зад возачкото седиште пронајдоа 735 грама златен накит.

-На прашањето на цариникот дали има нешто да пријави, возачот одговори негативно, но деталната проверка на БМВ го покажа спротивното, соопштија од Управата на царината на Србија

Како што се посочува, во кесите зад возачкото седиште, цариниците пронашле вистинско мало богатство – 735 грама тежок златен накит, спакуван во кутии.

Меѓу пронајдениот накит, најбројни беа нараквици, а најмасивен предмет беше богато украсен ѓердан, тежок 122 грама.

Проценетата вредност на откриениот накит ја надминува сумата од 20.000 евра, или 2,5 милиони динари.

Имајќи предвид дека станува збор за странски државјанин, прекршочната постапка се водеше по итна постапка, и судот изрече парична казна и заштитна мерка трајно одземање на непријавените вредни предмети, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата уапси 26-годишник кој превезуваше 10 килограми кокаин со висока чистота

Горан Наумовски

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Шверц на културно наследство: Кумановец е уапсен на Табановце

Спречен шверц на оружје од Турција во Македонија

Тројца Грци уапсени на „Стар Дојран“, шверцувале муниција

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски