Влада: После 50 години Крива Паланка добива нов градски плоштад

Од:

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и претставници од Проектот за локална и регионална конкурентност, во Крива Паланка го пуштија во употреба новиот градски плоштад и градски парк.

Се работи за целосна реконструкција на плоштадот, практично нов плоштад, со зачувување на автентичните обележја. Изградбата опфаќаше партерно уредување, асфалтирање, поплочување со бекатон, изградба на мал амфитеатар, целосна замена на комуналната инфраструктура, користење на старата коцка и зачувување на градската фонтана.

„Овој плоштад му дава европски лик на градот и ќе биде место каде што не само жителите на Крива Паланка, туку и домашните и странските посетители ќе имаат можност да го посетат и да уживаат. Ова говори за одговорноста и оправданоста на сите коишто се заложија за овој историски проект за Крива Паланка. Ова е само еден од многуте проекти, што ги реализиравме и се гордост за градот, за жителите, проекти кои се значајни заради унапредување на културниот развој и социјалниот живот. После 40 години се рехабилитира регионалниот пат Крива Паланка кон Огут којшто завршува овие денови и од Крива Паланка до Луке. Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Ранковце – Крива Паланка во должина од 21 километар и тоа беше првиот проект на којшто се фокусиравме. Завршен е уште еден, еден од најлошите патиштата тоа е Узем-Тораница. Во полна пареа е изградбата на експресниот пат едната делница од Крива Паланка до Ранковце, и во финална фаза е и другиот лот од изградбата. Се гради интензивно и третата лента од патот Крива Паланка до Деве Баир, а непречено се одвива и реконструкцијата на магистралниот пат Куманово – Страцин”, изјави вицепремиерот Николовски.

Вицепремиерот Битиќи, истакна дека со реализација на потпроектот кој денеска се промовира во Крива Паланка наречен „Источна порта кон Европа (Фестивалска туристичка дестинација)“, градот ќе биде уште поубав и поинтересен за посетителите.

„Овој потпроект се реализираше во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност, кој е во вкупна вредност од околу 21 милион евра, а е финансиран од Владата на Република Северна Македонија и Европската Унија, при што се реализираа 57 потпроекти во 10 различни дестинации во нашата земја. Потпроектот е во вредност од 48,1 милион денари или 800 илјади евра, а во Крива Паланка ќе бидат реализирани уште три одобрени проекти, кои се финансирани со средствата од Владата, од таканаречената ТАВ Програма, со вкупен буџет од 29,6 милиони денари, или околу 480 илјади евра, а истите вклучуваат реконструкција и изградба на локални патишта во рамките на општината, со што значително ќе се подобри инфраструктурата на истата”, потенцираше вицепремиерот Битиќи, по што додаде дека за уште поголем развој на компаниите во помалку развиените општини во Законот за финансиска поддршка на инвестиции воведена е мерка со којашто уште посилно се поттикнуваат инвестициите кои не се случуваат во Скопје.

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски изјави дека општината во континуитет работи на проекти од ваков тип со кои се подобрува локалната инфраструктура и изгледот на градот. Директорката на проектот Антонија Шишак, соопшти дека ПЛРК е водечки проект за развој на туризмот во државата преку кој се поддржани 57 потпроекти кои ги спроведуваат општини, микро и мали претпријатија, како и асоцијации кои работат во областа на туризмот во сите 10 туристички дестинации низ земјава. Целта на проектот е да го зголеми учеството на туризмот во локалниот економски развој преку подобрување на инфраструктурата, унапредување на капацитетите за сместување и угостителство, збогатување на туристичката понуда и зголемување на конкурентноста на туристичкиот сектор.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот