Новиот „Ајфон 13“, веројатно, ќе овозможи сателитски разговори

Од:

Се наближува времето до претставувањето на новиот „Ајфон 13“, а една гласина особено го привлекува вниманието. Имено, познатиот аналитичар Минг-Чи Куо тврди дека новиот уред на „Епл“ ќе овозможи сателитски разговори.

Тоа значи дека мобилните телефони ќе можат директно да се поврзат со „Сателитите во ниската Земјина Орбита (ЛЕО) благодарение на чипот „Квалком Икс-60“.

Сателитите ЛЕО веројатно се најпознати како „рбетот“ на мрежата на „Старлинк“, која има за цел да ја покрие Земјата со интернет. Сепак, „Старлинк“ не е единствената компанија која користи ЛЕО сателити за поврзување. „Хјузнет“ и „Уанвеб“, исто така, ги здружија силите за да понудат конкуренција, а и „Имарсат“ најави своја 5-Г констелација.

Уште поважно за оваа гласина за „Ајфон“, е „Глобалстар“, којшто доби значајна вредност на почетокот на оваа година, кога „Квалком“ објави дека претстојниот чип „Икс-65“ ќе ја поддржува технологијата на „Глобалстар“. Како новата функција ќе влијае на батеријата, допрва ќе се покаже.

Би можело да ве интересира

На скопскиот Аеродром запленети Ајфони вредни 1,8 милиони денари

Кој е крипто-бегалецот кој се крие во Србија: Контроверзен Кореец ја оштети индустријата за 40 милијарди долари

А1он

„Епл” сака да го отстрани „Твитер“ од продавницата „Ап стор”, Маск збесна

А1он

Дејли мирор: Епл ќе го купи Манчестер јунајтед

Прв случај на вработени во малопродажбата на Епл да се приклучат на синдикатот

Ана Ололовска

Повеќе лица излегле од продавница во Амстердам каде вооружено лице држи заложници

А1он