Околу еден месец по почетокот на најлошиот бран на коронавирусот во Кина во текот на последната година, денеска за првпат во земјата не е пријавена ниту една локална трансмисија на вирусот.
Според здравствените власти во Пекинг, вчера имало само 21 случај, сите „увезени“ од странство.
Во епидемијата со особено заразна делта варијанта на вирусот, во повеќе од 50 градови беа заразени повеќе од 1.000 лица. Според кинеските власти, делта варијантата била пронајдена во руски авион во источната кинеска метропола Нанџинг, од која потоа се заразиле вработените на аеродромот.
Делта сојот претставува предизвик за строгата кинеска политика за нула Ковид-19. Меѓутоа, со драстични мерки како полициски час, следење контакти, масовно тестирање меѓу милиони жители, карантин и прекин на транспортните врски, властите успеаја повторно да го запрат ширењето.
Првите инфекции со коронавирус ширум светот беа откриени во оваа земја кон крајот на 2019 година. Меѓутоа, веќе една година вирусот во голема мера е под контрола.
За влез во Кина се уште се применуваат строги ограничувања: на секој кому воопшто му е дозволено да влезе во земјата, мора да помине три недели во карантин – без разлика на тоа дали е вакцинациниран иили има негативен тест за коронавирус.