Бизнисменот Фенеч обвинет за убиството на новинарката Каруана Галиција

Од:

Еден од најбогатите малтешки бизнисмени Јорген Фенеч е обвинет за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, соопшти обвинителството.

Се уште не е одреден датумот на судењето.

Фенеч е уапсен во ноември 2019 година под обвинение за соучество во убиството, а тој се изјасни дека не е виновен.

Каруана Галиција беше убиена на 16 октомври 20217 година пред нејзиниот дом откако во нејзиниот автомобил беше поставена бомба. Таа го истражуваше контроверзниот државен договор за изградба на електрана со конзорциумот со кој раководеше Фенеч.

Тројца мажи во декември 2017 година се уапсени и обвинети за поставување на бомба во автомобилот на Каруана Галиција. Еден од нив се изјасни како виновен и е осуден на 15 години затвор, додека останатите двајца чекаат судење.

Мелвин Теума, кој призна дека посредувал во заверата, даде докази и е помилуван. Тој изјави дека Фенеч го задолжил да го организира убиството на новинарката.

Обвинителите бараат доживотен затвор за Фенеч.

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Хаос на убаво туристичко место на Малта: Туна предизвика метеж на плажа, луѓето мислеа дека е ајкула

Драма во Медитеранот: Вода навлегува на брод кој е без капетан и со 400 луѓе

Млад Македонец загина на Малта

Горан Наумовски