За време на концертот во Амстердам, поп дивата Мадона, на кратко му ја отстапила бината на млад дечко кој одлучил да ја запросил својата девојка токму на нејзиниот концерт.
Немој да се „глупираш“ со микфонот, договорено? – му се обратила Мадона на младиот дечко и додала низ насмевка: „Направи го тоа со многу чувства и од срце“.
По прашањето дали ќе се омажи за него и потврдниот одговор, следел долг бакнеж на радост на публиката но и на самата Мадона. Таа им честитала и се пошегувала дека одлично „работат со јазиците“ и им препорачала веднаш да си изнајмат соба.
„Ќе ви дадам еден совет, никогаш немојте да водите љубов кога сте бесни и лути и научете да си кажете извини“, ги посоветувала Мадона следните брачни партнери, која зад себе има два брака еден со глумецот Шон Пен и оној со режисерто Гај Ричи.