Борел: ЕУ ќе соработува со идната авганистанска влада доколку талибанците ги почитуваат правилата

Од:

Европската Унија ќе соработува со авганистанската Влада, по враќањето на талибанците на власт, доколку тие ги почитуваат основните права и го спречуваат тероризмот, изјави денеска високиот претставник на Унијата, Јосеп Борел.

Борел изјавата ја даде по вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија што е посветена на ситуацијата во Авганистан, пишуваат британските медиуми.

-Соработката со која било идна авганистанска Влада ќе биде условена со мирното и инклузивно решение и почитување на основните права на сите Авганистанци, вклучувајќи ги и жените, девојките и припадниците на малцинствата, рече Борел.

Шефот на европската дипломатија ги повика сите актери во Авганистан да дозволат безбеден и непречен пристап до хуманитарната помош за жените, мажите и деца кои имаат потреба од неа.

-ЕУ ги повикува талибанците да ги почитуваат нивните обврски според меѓународното хуманитарно право во сите околности. ЕУ, исто така, ќе ги поддржи соседите на Авганистан во соочувањето со зголемениот прилив на бегалци и мигранти, додаде Борел.

Според Борел, главниот заклучок од состанокот е дека треба да се обезбеди безбедна евакуација за европските граѓани во Авганистан, како и за авганистанските граѓани кои работеле со нив во последните 20 години.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина