Пожарот од Богословец се прошири кон штипското село Доброшани

Од:

Пожарот од атарот на светиниколското Богословец е проширен кон штипското село Доброшани, во коешто има стари куќи. Командирот на смена во Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Пане Тимов вели дека пожарот е активен и со него се справуваат 10 пожарникари, но и голем број на војници, доброволци и вработени во државните и локланите комунални претпријатија. Побарано е да интервенираат и хеликоптерите од воздух.

Пожарот е активен од вчера во текот на попладневните часови, кога и почна да се шири во близина на селото Богословец, по што се насочи кон високиот рид и се спушти од друга страна на штипска територија. Во него горе сува треба, површини со млада борова шума. Тимов вели дека во моментов имаат дојава и за пожар кај депонијата Трештена Скала, која е одалечена од градот над 10 километри.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски