Пожарите во земјава не стивнуваат, најсериозна е состојбата вo Македонски Брод, Пехчево и во Делчево

Од:

Пожарите не стивнуваат. Во нивното локализирање и гасење се ангажирани сите расположливи капацитети – на локалните самоуправи, Центарот за управување со кризи, војската, полицијата и граѓаните. Помош пристигна и од соседството, Србија и Бугарија, а денеска се очекува и засилувањето од Словенија – 16 противпожарни возила и 46 пожарникари.

Според последните податоци што ги соопшти вчера директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во земјава се активни 10 пожари, а најсериозна е состојбата во Општина Македонски Брод, како и во регионот на Пехчево и Делчево.

Поради алармантноста на ситуацијата, Управувачкиот комитет го прифати предлогот на Групата за процена и и предложи на Владата да донесе одлука за постоење кризна состојба на целата територија на државата во траење од 30 дена. Владата утрово во ќе одржи седница на која ќе го разгледа ваквиот предлог.

За гасење на големиот шумски пожар во Пехчевско со кој беа зафатени селата Мачево, Робово и Умлена, првично беа испратени пет хеликоптери, два македонски и три српски, но веднаш по нивното пристигнување беа повлечени поради исклучително високите температури. Натчовечките напори на жителите, пожарникарите и сите инволвирани го спасија од опожарување манастирот „Св.Петка”.

Денеска ќе се интервенира со пет хеликоптери, уште рано наутро, се додека тоа го дозволува температурата на воздухот.

Синоќа пристигна помошта од Бугарија – пет противпожарни возила кои се вклучија во гасењето на пожарот кај маалото Пасјак во селото Нов Истевник.

Вечерта активни беа два пожари во реонот на Прилеп, еден кај Челопек во Старо Нагоричане, а активни жаришта имаше и кај Липац, Кумановско.

Би можело да ве интересира

Намерно се подметнуваат пожари на депонијата во Возбегово тврдат од Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Левица: Изгореа над 94 000 хектари шума или 9,5% од вкупната шумска површина – кој ќе понесе одговорност?!

Четворица битолчани заработија кривични за предизвикување на пожари

Дождот ги изгасна сите пожари на отворено