ВМРО-ДПМНЕ: Срамен и недржавнички е потегот на Пендаровски да не држи говор на Мечкин Камен

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ја оценува како срамна и недржавничка одлуката на претседателот Стево Пендаровски да не држи говор на Мечкин Камен. Портпаролката на партијата, Марија Митева на прес конференција потврди дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и годинава на 2.Август ќе биде во Ташмаруништа.

„Претседателот Христијан Мицкоски традиционално ќе биде присутен во струшко Ташмаруништа. Пендаровски со овој потег ја менува 30-годишната традиција на прославата за Илинден. Но, кога некој човек нема визија за Република Македонија, не може ни да очекувате дека ќе има што да каже. И за тоа е ова резултатот. Навистина сме изненадени и ова е срамен и недржавнички потег“ – рече Митева.

Претседателот Пендаровски вчера соопшти дека годинава нема да држи говор на Мечкин Камен, а дека манифестацијата наместо во претпладневните часови ќе почне во 18 часот. На прославата ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, поради приватни обврски нема да биде дел од манифестацијата за државниот празник.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

(ВИДЕО) Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3 отсто

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски