Џафери нема да го слави Илинден во Крушево поради приватни обврски, иако Пендаровски го очекува

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери нема да оди да го чествува Илинден на Мечкин Камен на 2 Август, вели за „А1он“, иако шефот на државата Стево Пендаровски изјави дека го очекува да присуствува на манифестацијата.

Џафери вели дека има други обврски, а наместо него, претставник на Собранието ќе биде потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели.

„Планирам да биде Фаил Зендели. Јас имам други обврски во Скопје. Нема да успеам да стигнам, имам некои приватни обврски во текот на денот“, вели Џафери за „А1он“.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за првпат ќе го чествува Илинден на 2 Август на Мечкин Камен. Според Пендаровски, тој и премиерот Зоран Заев го потврдиле присуството. Пендаровски рече дека на прославата во Крушево го очекува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Милошоски: Нашето востание не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитуваат одговорни поколенија

А1он

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со вложување во младите – никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

А1он

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он

Сиљановска-Давкова по повод 2 Август – Илинден: Каква Република ќе им оставиме на нашите деца и внуци?

А1он

Македонија го одбележува Илинден

А1он