Груби договори заедничка седница на македонската и косовската влада

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, на денешната средба со Доника Грвала – Шварц, заменик-премиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора на Косово, договорил заедничка седница на владите на двете земји, која ќе се одржи во септември, соопшти неговиот кабинет.

Груби и Грвала констатирале дека билатералните односи помеѓу двете земји се одлични и дека оваа добра соработка ќе продолжи и во иднина, со
реализација на заеднички проекти во различни области кои имаат за цел продлабочување на економската соработка.

Меѓу другото, тие дискутирале и за актуелната состојба во регионот, регионалната соработка, како и процесот на интеграција на државите од Западен Балкан во Европската Унија.

“Алтернатива на Република Северна Македонија, но и на регионот, останува Европската Унија. Ние како земја направивме многу храбри чекори од
политички аспект, ги спроведуваме реформите и очекуваме Европската Унија да ги цени тие достигнувања, и во меѓувреме работиме на подигнување на
животниот стандард за граѓаните“, посочил Груби на средбата.

Би можело да ве интересира

Алијансата за иднината на Косово доби нов претседател по заминувањето на Харадинај

Косово на прагот на нови предвремени избори

Османи веќе не е претседателка на Косово

Горан Наумовски

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он

Османи го распушти Собранието, Косово оди на избори

Горан Наумовски

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски