Битиќи: Убедени сме дека во Законот за автопати нема ништо што е спротивно од законските одредби

Од:

Законот за автопати ни дава рамка во која се започнуваат преговорите за да се финализира како ќе изгледа следниот договор за градење на автопатиштата. Тоа ни дава можност да ангажираме соодветни експерти што треба да ни помогнат и да ни дадат рамка и затоа не гледам зошто би требало да почекаме одреден исход кога евентуалното раскинување на меморандумот нема да има негативни импликации, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој, во одговор на новинарско прашање по доделувањето на последните 35 договори од ТАВ програмата за инфраструктурни проекти, нагласи дека Уставниот суд ќе постапи според неговата надлежност, но нагласи дека како Влада се убедени дека нема ништо што е спротивно од законските одредби.

На прашањето дали ќе ја прифатат препораката од ДКСК за Законот за автопати по побараната времена мерка за негово стопирање се додека Уставниот суд не одлучи по нивната иницијатива, рече дека секогаш ги слушаат, но, како што кажа, не сака да прејудицира дека исходот од оваа активност ќе биде таков како што сака да укаже ДКСК.

-Жалам што во државата сме дојдени во период кога за секоја добра инцијатива имаме премногу претпоставки. Претпоставката е дека исходот ќе биде лош и дека станува збор за уште еден лош договор со кој ќе ни се случи нешто што не сакаме. Токму затоа го предложивме тој пристап за еднаш за секогаш решавање на битните инфраструктурни зафати во државата кои се предуслов за добар и солиден економски развој. Ќе почекаме и нема да направиме ништо ако е во спротивност со законските одредби, но во овој момент не сметаме дека имаме законска пречка да продолжат екипите да зборуваат за изнаоѓање конечно решение за тоа што сме го започнале. Законот ни овозможува да го почнеме процесот на преговарање со сите засегнати страни со вклучување на соодветна експертиза и со креирање на соодветни механизми, прецизира Битиќи.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска