Њујорк ќе бара од сите свои градски службеници да се вакцинираат против Ковид-19 или да се подложат на неделен тест

Од:

Градот Њујорк ќе бара од сите свои градски службеници да се вакцинираат против коронавирусот или да се подложат на неделен тест, јавија локалните медиуми цитирајќи го градоначалникот Бил де Блазио. Мерката ќе стапи на сила на 13 септември и ќе се однесува на повеќе од 300.000 луѓе, вклучувајќи полицајци, пожарникари и наставници.

– Целта е нашето закрепнување. Целта е да ги заштитиме луѓето, изјави градоначалникот. Минатата недела Де Блазио предупреди дека илјадници болнички персонал во градот наскоро ќе мора да се вакцинираат против вирусот или да се тестираат еднаш неделно.

Во Њујорк, 59 проценти од луѓето од сите возрасти имаат барем една доза вакцина против коронавирус, но темпото на кампањата за вакцинација се забавува.

Државата Калифорнија, исто така, објави дека ќе воведе барање за докажување на завршен циклус на вакцинација или неделно тестирање за сите вработени во државната администрација и за милиони здравствени работници во локалните јавни и приватни болници од следниот месец.

На национално ниво, само 57 проценти од сите Американци примиле барем една доза, а 49 проценти се целосно вакцинирани.

Варијантата Делта сочинува над 89 проценти од новите случаи во земјата.

Педесет и седум групи што претставуваат милиони лекари, медицински сестри, фармацевти и други здравствени работници побараа вакцинацијата на здравствените работници да стане задолжителна во САД.

Би можело да ве интересира

Планирал да го нападне Еврејскиот центар во Њујорк, одбрал симболичен датум

Мејведер боксува против внук на њујоршки мафијаш, се очекува да направи голема заработка

(ВИДЕО) Пожар на аеродром во Њујорк, се вклучија алармите, се евакуираат патниците

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

ВИДЕО: Пожар избувна во фабриката Тесла во Калифорнија

(ВИДЕО) Маскиран млад човек пукаше кон таксист во Њујорк по расправија за плаќање на превозот