(ВИДЕО) Заев: По 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид

Од:

Премиерот Зоран Заев во рамки на својата работна посета на Охридско-преспанскиот регион изврши увид на реконструкцијата на регионалниот пат Ресен-Охрид, на делницата од Отешево до приклучувањето на патот Охрид-Св. Наум преку националниот парк „Галичица“.

Како што соопшти владината прес-служба, со премиерот Заев на увидот беа и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“ Беким Мемеди.

-На целата територија на Северна Македонија во тек се интензивни градежни работи на автопатните решенија и на експресните делници, на реконструкција на голем број магистрални и регионални патни правци. Сите овие активности се резултат на силната определба да ја поврземе целата земја, и внатрешно во селата со градовите и надвор кон соседите. Тука сме за да ги одбележиме градежните активности на делот од регионалниот пат од Ресен до Охрид преку Галичица, рече Заев.

Премиерот изјави дека работите на рехабилитацијата предвидуваат отстранување на оштетениот асфалт, корекции на основата на патот и асфалтирање кое Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта го изведува во две фази. Првата фаза е делницата на патниот правец од Царина Отешево до превојот на Галичица во должина од 14,9 километри.

-Вредноста на инвестицијата на оваа делница изнесува 60 милион денари, по што ќе продолжи и реализацијата на втората фаза од превојот на Галичица до приклучувањето на патниот правец Охрид – Свети Наум во должина од 15 километри за што се предвидени уште 60 милиони денари. Станува збор за рехабилитација на исклучително важна делница од регионалниот пат Ресен – Охрид, нагласи Заев.

Освен што ќе се подобри квалитетно патното поврзување меѓу овие два града, како што рече, ќе добиеме современа патна инфраструктура која ги поврзува двата најзначајни туристички центри во земјата – Охридскиот и Преспанскиот.

Според него, со тоа на туристите ќе им се овозможат соодветни современи услови за патување и за посета на туристичките капацитети на двете страни од националниот парк „Галичица“.

-Освен тоа, со рехабилитацијата на патот преку Галичица, туристите и рекреативците ќе добијат лесен пристап до убавините и потенцијалите на питомите предели на планината за активности како што се планинарењето, планинскиот велосипедизам, параглајдерството и другите рекреативни активности и адреналински спортови, рече премиерот Заев, кој на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и на сите подизведувачи им посака успешна реализација на рехабилитацијата во предвидените рокови.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска