Облачно, со пороен дожд и грмежи и засилен ветер, вакво ќе биде времето денеска.
Попладне се очекуваат поинтензивни врнежи, а во вечерните часови и во текот на ноќта врнежите ќе престанат.
Ќе дува умерен југоисточен ветер, а попладне во западните предели ќе дува и засилен западен ветер. Во источните делови од земјата локално е можна појава на невреме со град.
Максималните дневни температури ќе бидат 12 и 24 Целзиусови степени, во Скопје до 20 степени.
Не излегувајте никаде без чадот и соодветна облека.