Ким Јонг-ун среќен со поп ѕвезда

Од:

Севернокорејскиот диктатор Ким Јонг-ун овие денови е посебно среќен, а извори во Јужна Кореја открија и зошто.

Диктаторот се појави на еден јавен собир во друштво на девојка која официјално не беше претставена. Јужнокорејските разузнувачи дознаа дека се работи за поранешната поп ѕвезда Хјон Сонг Вол.

Таа пеела во бендот Пончонбо, кој еизвонредно популарен во комунистичката држава. Се дозна дека Јонг-ун и Сонг Вол биле вљубени уште во тинејџерските денови, но тогаш неговиот татко Јонг-ил наредил романсата да прекине. Сонг Вол наводно била мажена за офицер со кого има и дете.

Ким Јонг-ун (28) кој стана лидер на Северна Кореја минатата година, после смртта на неговиот татко Јонг-ил, размислува на својата љубов да и довери работа во националната уметничка трупа.

 

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња