Вуков: Се надевам на висок пласман на третиот Гран при викенд во Порше Карера купот во Италија

Од:

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков ја започна втората сезона од настапите во Порше Карера Куп Италија, но и покрај стабилните перформанси во трките, се соочи со големи проблеми во квалификациите. Иако Вуков покажа дека „топ 10“ пласманите за него се реалност и кога стартува од полоши позиции, сепак, неговите аспирации се тој да се замеша и во борбата за повисок пласман поради што во пресрет на новата трка на Имола, тој направи ново тестирање на оваа патека заедно со екипата „GDL Racing“.

– Бевме фокусирани на барање на најдобриот можен начин на штелување на возилото, затоа што во Гран при викендите едноставно нема време да се испробаат повеќе нешта. Времето поминато на асфалтната патека е незаменливо со кој било друг тренинг, па во пресрет на трката во Имола чувствувавме дека дополнителен тест ни е мошне потребен. Јас добро се снаоѓав со возилото и со актуелниот сет-ап, но во Муџело конкуренцијата се одвои и покажа дека со поинаков сет ап може да се извадат повеќе перформанси, па тоа едноставно го „запали алармот“ и решивме да преземеме акција. Фокусот беше на подобрување на перформансите, а тоа ултимативно треба да доведе до подобра стартна позиција и поголема конкурентност. Сметаме дека успеавме да пронајдеме нов правец за штелувањето и тоа ни дава одредена доза на оптимизам. Со нетрпение ја чекам новата трка и искрено се надевам дека овој пат нема да бидам лимитиран од конкурентноста на автомобилот за да се борам за повисоки пласмани, изјави Вуков.

По четири извозени трки (две во секој гран при викенд), Рико Вуков има 23 бода и се наоѓа на 12 место во генералниот пласман, при што најдобар пласман забележа на втората трка во Мизано, кога беше седми од преку 30 учесници.

Ова е трет од шесте гран при викенди во првенството на Порше Карера Куп Италија, а трките почнуваат: в сабота од 19 часот и в недела од 13:15 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пијан возач упадна на рели трка во Хрватска, ќе се судреше со натпреварувач

ВИДЕО: Се степаа на рели патека, едвај се спасија пред автомобил кој се движеше со голема брзина

Ана Ололовска

Нова трагедија на рели трките: Двајца Шпанци со возилото се забија во дрво

Горан Наумовски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: На нелегална улична трка, возач влета во група гледачи и побегна