Со натпреварите од првото квалификациско коло одиграни вчера стартуваа европските фудбалски купови во новата сезона 2013/2014.
На програмата беа два натпревара од Лигата на шампионите и четири од Лига Европа, а на еден од овие четири настап имаше и македонскиот тим Металург, кој загуби на домашен терен од Карабах со 1:0.
На другите три дуели од Лига Европа: Слиема – Хазар 1:1, Транс – Гефле 0:3 и Бала – Левадија 1:0.
На двата натпревара од Лигата на шампионите беа постигнати следниве резултати: Ширак – Тре Пене 3:0 и Луситанс – Стрејмур 1:1.
Денеска се игра само еден натпревар од Лига Европа: ИФ – Линфилд, додека ќе има уште 33 натпревари. Од македонските екипи Тетекс го пречекува Пјуник од Ерменија, додека Хоризонт Турново ќе гостува кај Судува во Литванија.