Лефков: Понудата на СДСМ на овие избори е стари и компромитирани кадри кои не го исполнија ветеното

Од:

СДСМ покажа дека нема план, нема визија и не знае како. Знаат само криминал, рекет и насилие. Вчера СДСМ како кандидати за градоначалници извади стари и истрошени кадри за спас на криминалот. Нема нови лица, нема изненадувања. СДСМ влегува во фаза каде им е јасно дека ќе загубат. И никој сериозен не им се нафаќа да биде кандидат рече на прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

„СДСМ вчера за втор мандат го предложи најнеспособниот градоначалник кој Скопје некогаш го имало, СДСМ оди со Петре Шилегов кој изминативе четири години покажа само лаги, кич и парадерство, тој нема ништо направено. Заев во Кисела Вода го предлага Филип Темелковски, кој тргна во насилна бетонизација на населбата Расадник, а во исто време една уличка, тротоар или канализациска линија нема направено. Заев како кандидат за Лозово го предлага Ацо Велковски, кој цела држава го виде како врши мобинг и дискриминација, но и го виде како зема плата како градоначалник, а половина година ја поминува во Германија“ – вели Лефков.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски