Локалните избори на Косово се закажани за 3-ти ноември, соопшти денес канцеларијата на претседателката на Косово, Атифете Јахјага.
-Одлуката е донесена на основа на Законот за локални избори во Република Косово и по консултација со политичките партии и Ценралната изборна комисија-стои во соопштението.
Јахјага даде наредба комисијата на Косово да ги преземе сите потребни активности за организација и одржување на локалните избори.
Локалните избори на Косово ќе се одржат и во општините на север, како што е договорено со бриселскиот договор на премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.
Елена Георгиевска