Ирански разузнавачи обвинети за заговор за киднапирање на новинарка од Њујорк

Од:

Четворица Иранци се обвинети за заговор за киднапирање на новинарка во Њујорк, соопшти Министерството за правда на САД.

Новинарката и активистка, Масих Алинеџад, која има иранско потекло и е отворен критичар на владата во Техеран, потврди на Твитер дека била цел на наводен заговор.

Алинеџад исто така го основа движењето Моја скриена слобода (My Stealthy Freedom), кое ги охрабрува жените да не носат хиџаб.

Четворицата мажи именувани во обвинението се ирански разузнавачи, се вели во соопштението на Министерството за правда на САД. Петтиот соучесник од Калифорнија е обвинет за финансирање на наводната операција.

Американските власти соопштија дека разузнавачите прво се обиделе да ја намамат целта наречена „Жртва-1“ во трета земја, каде што би била уапсена и однесена во Иран.

Потоа продолжиле да ја набљудуваат жртвата и другите членови на нејзиното семејство во Бруклин, Њујорк. Се тврди дека еден од мажите спровел детална студија за тоа како да се донесе „Жртва-1“ од САД во Иран.

Иако во документот не се споменува името на „Жртва-1“, Алинеџад, која е добро позната по своите отворени критики кон иранските власти и нивната политика, на Твитер се претстави како цел на наводниот заговор и им се заблагодари на американските истражители што спречиле нејзино киднапирање.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и