Поранешен министер во Република Српска осомничен за голема проневера

Од:

Полицијата на Република Српска поднесе кривична пријава против Миленко Савановиќ, поранешниот министер за труд, под сомнение дека го оштетил своето министерство за повеќе од 670.000 евра.

Министерството за внатрешни работи на РС за „Независне новине“ од Бања Лука потврди дека Управата за криминалистичка полиција доставила кривична пријава против Савановиќ до Окружното јавно обвинителство во Бања Лука за злоупотреба на службената положба или овластување.

„М.С. е осомничен дека додека ја извршувал функцијата министер за труд и боречко-инвалидска заштита на Република Српска во текот на 2016 година, ја искористил својата службена положба и добил имотна корист за изведувачи кои имале договор со Министерството во износ од 1.314 милиони КМ (670 илјади евра) на штета на Министерството“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Република Српска.

Савановиќ ги негираше обвинувањата од извештајот, оценувајќи дека станува збор за политички прогон.

– Извештајот е обична глупост и јас нема да го коментирам. Ова е класичен политички удар за мене, а зад сè стои Социјалистичката партија (СП), која ми се одмаздува затоа што ја напуштив и влегов во Социјалистичката партија на Српска (СПС), рече Савановиќ.

Дел од членството на СП, на чело со Петар Џокиќ, ја напушти таа партија и го формираше СПС, чиј претседател е Горан Селак.

Би можело да ве интересира

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Координатор во Влада поплатен од министер: Функционерите ќе имаат високи плати и покрај намалувањето

A1on

Граѓаните да пријават ако се користат возила за партиски активности, побара министерот Ѓоко Велковски

A1on

Баножиќ е осомничен за предизвикување сообраќајна незгода во патниот сообраќај

Кривична пријава против Баножиќ за предизвикување сообраќајна незгода