Баножиќ е осомничен за предизвикување сообраќајна незгода во патниот сообраќај

Од:

Хрватската полиција денеска соопшти дека кривично ќе го пријави поранешниот министер Марио Баножиќ за кривично дело предизвикување сообраќајна незгода во патниот сообраќај. Како што соопштија, полицијата утврдила дека Баножиќ ја предизвикал несреќата во која загина 40-годишниот Горан Шариќ од Привлака со прекршување на сообраќајните прописи.

Доколку жупаниското државно правобранителство ја прифати ваквата кривична пријава и ако резултира со обвинение во таа форма, поранешниот министер за одбрана се соочува со казна затвор од една до осум години.

„Истрагата за сообраќајната несреќа која ја водеше заменик на Жупаниското државно правобранителство во Вуковар, утврди дека 44-годишниот возач (државен службеник) на приватно возило, движејќи се од правец на Винковци во правец кон Жупања, го престигнал камионот од левата страна кој се движел во иста насока пред него, не уверувајќи се дека може безбедно да го стори тоа без да го попречува сообраќајот од спротивната насока, поради што предниот дел од патничкиот автомобил се судрил со предниот дел на комбето (камион) кое од спротивниот правец го управувал 40-годишен маж. Од здобиените повреди 40-годишниот возач починал на местото на настанот, додека 44-годишниот возач е пренесен во Општата Жупанска болница во Винковци, а потоа во Клиничката болница Осиек на понатамошно лекување. Поради сомнение дека предизвикал сообраќајна незгода со прекршување на сообраќајните прописи, против 44-годишниот возач до Жупаниското државно правобранителство во Вуковар ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело Предизвикување сообраќајна незгода во патниот сообраќај“, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка

А1он

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа

Од пат излета „астра“ во Македонска Каменица, четири момчиња се повредени

27-годишен маж со мотоцикл удрил во возило, па завршил во болница

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски