Шпанскиот напаѓач Алваро Мората им се обрати на навивачите откако неговата репрезентација синоќа загуби на пенали од Италија во полуфиналето на ЕВРО 2020.
Мората го израмни резултатот на крајот од регулаторното време, но потоа го промаши својот обид во пенал-серијата.
– Овој тим заслужи повеќе, многу повеќе. Како и цела Шпанија, тоа беше мојот сон, наш сон. Можам само да кажам дека сум горд што сум дел од овој тим. БЛАГОДАРАМ на оние кои веруваа во нас. Понекогаш фудбалот е многу тежок. Да живее Шпанија, напиша Мората на Инстаграм.
Вториот финалист на Евро 2020 ќе биде одреден по мечот Англија – Данска, што ќе се одигра вечер од 21 часот.